Заменикот на британскиот премиер, Доминик Рааб денеска изјави дека Владата не смее да им дозволи на „милитантните синдикати“ да победат во штрајкот на железничарите, предупредувајќи оти исполнување на нивните барања може да доведе до спирала на инфлацијата.
Над 40.000 вработени ги напуштија своите работни места вчера, за време на првиот ден од најголемиот штрајк на железницата во Велика Британија во изминатите 30 години. Со тоа, се создаде хаос во сообраќајот.
– Мислам дека нема може да им дозволиме на синдикатите, на ваков доста милитантен начин што го одбрале, да победат во овој спор, бидејќи тоа ќе им наштети на најсиромашните во нашата заедница. Поради штрајкот најмногу страдаат оние со најниски примања, а така ќе биде и доколку навлеземе во таа спирала на инфлацијата кон што водат барањата на синдикатите, истакна Рааб за Скај њуз.
Синдикатите најавија дека штрајкот на железничарите би можел да го означи почетокот на „летото на незадоволство“ на кои ќе им се придружат наставниците, медицинските лица, комуналните работници, па дури и адвокатите вклучени во индустриската акција. Сето ова се случува во контекст на големите пÐ �скапувања на храната и горивата, кои ја туркаат инфлацијата кон стапка од 10 проценти.