Аеродромот ќе функционира без прекин за време на реконструкцијата
Според генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, аеродромот во Охрид ќе продолжи со редовно функционирање и за време на градежните активности. Тој нагласи дека работите се внимателно планирани со цел да се обезбеди безбедна и непрекината услуга за сите патници.
Инвестиција од 2,7 милиони евра во клучни подобрувања
Курт истакна дека ТАВ инвестира 2,7 милиони евра во повеќе сегменти од аеродромската инфраструктура, со цел зголемување на капацитетот и подобрување на условите.
„Охрид е срцето на македонскиот туризам. Верувам дека може да блесне уште посветло, пречекувајќи што повеќе гости. ТАВ инвестира 2,7 милиони евра во неколку клучни подобрувања на аеродромот: проширување на оперативниот капацитет на патничкиот терминал и на капацитетот на шалтерите за регистрација на багаж и патници, проширување на зоната за безбедносна контрола, ќе се прошири административната зграда, нов ресторан, нови канцеларии за Граничната полиција и Царинската управа и паркинг за вработените“, рече Курт.
Подобри услови за патници и институции
Со планираните зафати ќе се обезбедат подобри услови за патниците, како и за институциите што функционираат во рамки на аеродромот. Проектот опфаќа повеќе сегменти кои имаат за цел да ја унапредат целокупната услуга и капацитет на аеродромот.
