Претседателот на Владата утре ќе оствари работна посета на источниот дел од земјата. Премиерот утре ќе ја посети општина Делчево, информираат од прес-службата на Владата.

Според најавата, предвидени се теренски активности и проверки на неколку инфраструктурни локации во градот.

„Ве известуваме дека утре, 21.11.2026 година (сабота), со почеток во 11:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности на ЈЗУ Здравен дом „Гоце Делчев“ – Делчево, а потоа ќе изврши и увид во започнувањето на градежните работи за реконструкција на градската спортска сала во населбата Спортско-рекреативен центар во Делчево“, информираат од владата.