Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, кога се очекува значително зголемена фреквенција на граѓани во православните верски храмови, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите православни верски објекти во сите скопски општини, пренесува МКД.мк.
Со активностите се опфатени Соборниот храм Св. Климент Охридски, црквите Св.Богородица, Св.Димитрија, Св.Јован Крстител, Св.Петка, Св.Ѓоргија, Св.Илија, Св.Архангел Михаил, Св.Петар и Павле, Св.Спас и дrуги објекти, велат од претпријатието и порачуваат дека ќе се продолжи со одржување на чистотата на верските објекти на сите верски заедници.