Две огромни закани за Бугарија ќе бидат тема на Консултативниот совет за национална безбедност под претседателот Румен Радев. Тоа се – претстојниот четврти бран на коронавирусот и мигратскиот притисок, јавија бугарските медиуми.
Претседателот на таа држава, Румен Радев за 16 август свика состанок на тема „Потребни финансиски мерки за надминување на потенцијалната здравствена и социо-економска криза од пандемијата Ковид-19. Мерки за спречување на зголемениот миграциски притисок преку границата на Република Бугарија со Република Турција“, соопшти Кабинетот.