„Бугарија и Северна Македонија се во жалост за загинатите млади во пожарот во Кочани. Заедничка е нашата болка за загубата на невини човечки животи и заедничка е нашата надеж за брзо закрепнување на повредените“. Ова го изјави претседателот Румен Радев, кој се потпиша во книгата на жалост во амбасадата на Република Северна Македонија.
Тој им се заблагодари на бугарските медицински тимови и припадниците на армијата за нивната брза реакција и професионалност при транспортот на повредените и за обезбедената специјализирана медицинска помош.
- „Бугарија е подготвена и ќе продолжи да помага со сè што е потребно. Очекуваме околу 10:30 часот македонската страна да одлучи дали има потреба да се преземат уште 10 лица. Спартан и медицинските тимови се во готовност. Ние ќе продолжиме да пружаме помош,“ додаде Радев.
Според претседателот, оваа трагедија покажува дека луѓето од двете страни на границата треба да се потпираат едни на други.
- „Треба да се потпираме едни на други, но не само во денови на искушенија, туку и во името на нашата заедничка европска иднина,“ заклучи шефот на државата.