Сончево и претежно стабилно време ќе се задржи до сабота. Промената се очекува во недела, кога ќе има повремени врнежи од дожд, а на одделни места и пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Во понеделник локално се очекуваат пообилни врнежи.
В четврток, 17 септември, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец, а температурите ќе се движат од 9 до 32 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб ветер од променлив правец.
Од вторник, поради продор на постуден воздух од север, се очекува опаѓање на дневната температура.
