Научниците откриле дека во близина на јапонската нуклеарка „роварат“ диви свињи, кои се вкрстиле со домашните, и знаат да бидат агресивни, пишуваат медиумите.
Откриено е дека јапонскиот вепар владее со подрачјето каде претходно живееле околу 160 илјади луѓе. Веприте се смели и агресивни, а се вкрстиле и со домашните свињи, кои сопствениците ги оставиле бегајќи од радиоактивното подрачје.
Сега околу просторот на Фокушиме има многу „хибридни диви“ свињи, кои се движат во радиус од 20 километри околу нуклеарката, каде нивото на радијација и понатаму е високо.
Луѓето кои се обидуваат да се вратат во своите домови, кои ги оставија по истекувањето во нуклеарната централа, сега треба да се справуваат со новите жители. Сепак, овие хибридни свињи се многу опасни и биле многу агресивни со луѓето, поради што е започнато нивно заловување.
Детали за тоа како радијацијата влијаела на живиот свет, неодамна е објавена во студија “Proceedings of the Royal Society B journal“.
Студијата покажала дека, иако вкрстувањето засега нема да има здравствени последици, гените на свињите на крајот ќе го „разводнат“ хибридниот генетски состав сè додека „потиснатите гени на крајот не исчезнат од оваа област“.