Во јавноста се крена прашина околу новиот директор на АНБ, Бојан Христовски и легитимитетот на неговите документи, неговите ангажмани и позадина. Опозициската СДСМ секое утро испраќа соопштенија против него, а низ медиумите блиску до СДСМ се шири хистерија за Христовски.

Големата фама во јавноста за Христовски го отовора прашњето кој е толку исплашен од новиот директор на АНБ. На истава тема се огласи и новинарката Ирена Радовановиќ која констатира дека колку повеќе го напаѓаат Христовски толку повеќе е уверена дека некој во АНБ е смртно исплашен од него.

Нејзината објава ја пренесуваме во продолжение:

Денеска очекувам вест дека Бојан Христовски добил 2-ка во средно и затоа не може да биде директор. Кампањата против Бојан мора да се држи во континуитет. А, колку повеќе го напаѓаат толку повеќе сум уверена дека некој во АНБ е смртно исплашен од новиот директор оти Бојан бил шиканиран, деградиран, избркан, на кому му се светеле. И сега бараат влакно во јајцето. На тие структури што, кој знае што сЕ не правеле во АНБ, им смета млад, чесен човек, кој многу добро ги познава сите во АНБ, пишува Радовановиќ.

Нашата редакција истражуваше повеќе на оваа тема.

(ВИДЕО + ДОКУМЕНТИ) Дали бугарските служби го скроија случајот со сертификатот на директорот на АНБ?

Дали Христовски бил уценуван, но и дали се вмешани бугарските служби против директорот на АНБ останува да видиме. Премиерот Мицкоски рече дека Христовски поседува сертификат, но сепак дека ДКСК ќе го има последниот збор.