Иако без селекторот Савевски, кој доби црвен картон на претходната средба и беше суспендиран, нашите ракометарки одиграа борбена и херојска партија, дојдоа до триумф над ривалот по една игра на нерви и најавија дека женскиот македонски ракомет има иднина на која мора да се смета. Оваа генерација е надежна и сигурно има што да покаже и понатаму.
Феноменална партија во финалето имаше Теодора Дукоска со 11 гола од 14 обида, пред Ризоска со седум и Коцева со пет. Младеновска додаде уште три гола.
Кај Исланд, Агустсдотир, Елиасдотир и Торкелсдотир имаа по четири реализации.