Албанскиот премиер Еди Рама ја поздрави пораката на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, кој ја пренесе подготвеноста на ЕК за секој предлог што може да доведе до проширување на ЕУ во 2030 година, јави Топ чанел. Рама во објава на социјалните мрежи напиша дека по „изјавите на Мишел, бавниот автобус на ЕУ станува интересно место за престој”.

– Нашата комисија која никогаш не го разочара нашиот регион, особено во тешки времиња. Мора да се признае, по изненадувачкиот говор на претседателот Мишел на Стратешкиот форум во Блед, бавниот автобус на ЕУ станува интересно место за престој дури и без слободно место – без сомнение патниците од Западен Балкан можат подобро да го издржат времетраењето на возењето додека го следат гласниот разговор меѓу седнатите момчиња. Да слушнеме што е следно, пишува Рама.

Рама ја поздравува одлуката на Советот кој “конечно сака да го направи големиот чекор за да се реализира проширување на унијата”.

Претходно еврокомесарот Вархеји рекол дека “Европската комисија отсекогаш била подготвена да даде каков било предлог што би можел да доведе до проширување на 2030 година”.

Според Топ чанел изјавата на Рама доаѓа по омекнувањето на ставот на Европската комисија, по забелешките што ги упатија на изјавата на Шарл Мишел на самитот во Блед во Словенија, за проширување на Европската унија. По неговата изјава ЕК потенцираше дека целта не биле роковите, туку исполнување на критериумите.

Шефот на албанската влада на Самитот во Блед рече дека “не верувам дека во 2030 година ќе бидеме во ЕУ” а потоа оцени дека “иако патувањето до дестинацијата може да биде бавно, останувањето во автобусот на ЕУ дури и без седиште е побезбедно од седењето во руски авион“.