Премиерот на Албанија, Еди Рама вели дека зад иницијативата Отворен Балкан не треба да се бара „скриената рака“ на Кина, Русија или Германија.
„Не барајте Кинези, Руси, Марсовци, па дури и Германци зад таа иницијатива. Отворен Балкан е наша иницијатива за заживување и спроведување на принципите и целите на Берлинскиот процес. Секој што сака да види Кинези, Руси, Марсовци во овој процес е слободен да ги види“, рече Рама.
Рама изјави дека денеска, премиерот на Црна Гора во технички мандат, Дритан Абазовиќ, изразил намера да организира неформален самит на иницијативата Отворен Балкан во Црна Гора во јуни годинава, и оцени дека оваа иницијатива е „неопходна и комплементарна“ на Берлинскиот процес. Оваа иницијатива во која се вклучени Србија, Албанија и Македонија нуди многу поволности за граѓаните. Ова вклучува и полесно движење на работната сила од една во друга земја. Косово на почетокот ја критикуваше иницијативата.