-,,Ако имаме јасни пораки кои доаѓаат од Блинкен, од Шолц , од Маркон, од Мишел и другу европски лидери и САД, зошто толку да имаме недоверба во една ваква ситуација кога ние ќе бидеме актери?!“.
Политичкиот анлитичар и советник на премиерот за евро-атлански интеграции, Исмет Рамадани смета дека треба да влеземе во една политичко -дипломатска битка со Бугарија со цврста македонска определба, од која е сигурен дека на крајот ние ќе бидеме победничка земја.
Рамадани, изјавата на Петков дека бугарските барања станале европски, ја кометира како чисто политичка и правдање пред бугарската јавност за ретерирањето кое тие го имаат направено по однос на првата Декларација.
По однос на протоколот, Рамадани вели ништо не се крие ниту не може да се скрие. Тој сеуште се работи, за него се разговара. Диполоматските правила вели даваат за право, додека траат преговорите тој да не се објавува.
Лидер: Премиерот во заминување Петков изјави дека бугарските барања станале европски, значи ли ова дека се исполнуваат сите сценарија на кои предупредува опозицијата, односно бугаризција на Македонија?
-Ако тргнеме од фактот какви беа барањата од првата Декларација на Бугарскиот Парламент и какво ретерирање имаа по однос на тие барања, тогаш се разбира дека раководствата и политичарите во Бугарија, даваат изјави за да може да се амортизира сето тоа што беше како “попуштање“ во однос на првата Декларација. А тоа значи дека и таму има бугарска јавност, која ние добро ја знаеме и знаме каков е нивниот однос кон македонскиот идентитет и кон македонскиот јазик.
И Петков даде изјава дека тие сепак на еден начин успеаа дел од нивните барања да ги внесат во преговарачката рамка, односно да стане европски проблем. Ако ние анализираме добро “европски проблем“ сега го имаат единствениот факт за да се оправдаат пред нивната јавност бугарското малцинство да биде дел од Уставот на РСМ. Што тоа значи дека кога тие пробаа низ многу средби и форуми во ЕУ да ги протежираат и на еден начин да ги внесат во рамката на преговори со ЕУ наидоа на отпор затоа што тоа се косеше апсолутно со вредностите на ЕУ.
И тие се вратија, ретерираа до таму да бараа бугарско малцинство во нашиот Устав. Што тоа значи? Дефенитивно тие се помирија со фактот дека тука во РСМ мнозинскиот народ е македонскиот народ и има малцинство бугарско како што има заедници, малцинства од другите народи. Така што ние тоа треба така да го сфатиме.
Се разбира одредени проблеми, посебно кога се спомнува член 12 од Договорт за соработка и за пријателство, ако одиме по духот на Договорот “пријателство“, западните земји, т.е. земјите каде ние стремиме да бидеме сојузници најдобро тие го сфаќаат ова. Со непријателство со говор на омраза, со изјави кои создаваат меѓусоседски проблеми, анимозитети…. во Европа таков вокабулар не успева.
Рамадани смета дека гарант за Република Северна Македонија се Европската Унија и Соединетите Американски Држави. Вели преговорите ќе бидат тешки но сепак на крајот нашата држава ќе излезе како “победник“ од целата ситуација.
-Да ги оставиме ние изјавите кои доаѓаат оттаму и оттука се разбира од еден дел од политиката , посебно од опозиционата и некои други кои веројатно се зафатени со нешто што е за нив лично примамливо.
Едно да знаеме, ако имаме пораки, односно пораките доаѓаат од Блинкен, од Шолц , од Маркон, од Мишел и другу европски лидери и САД, дури американците велат вака -“одиме понатаму заедно“, значи како стартешки партнер, тогаш чуму толку сомневања?! Зошто толку да имаме недоверба во една ваква ситуација кога ние ќе бидеме актери.
И понатаму ќе бидеме дел од тие преговори кои нема да бидат лесни, ќе бидат тешки како што било со другите земји.Ако гледаме низ историјата на членството на одредини земји на ЕУ имаме пример на Велика Британија кога се приклучува кон ЕУ, каков отпор, 10 години доживува од Шарл де Гол од Франција.
Ние треба да бидеме со овие лидери со овие земји. Ние кога сме со вакви силни лидери, со вакви силни држави кои стојат денеска како никогаш на браникот на демокартијата, тогаш таа политика која не ги разбира овие пораки и не сака да биде дел од овие пораки односно дел од оваа демократија навистина треба да ги сфатиме дека тоа е погубно за нашата држава и опасно е за нашата држава.Тоа се моменти аргумети кој не убедуваат дека треба да влеземе во една политичко-дипломатска битка со Бугарија, која понатаму но секогаш се надевам же се води со знаење, со гордост со национално битие со цврста македонска определба. Верувајте дека на крајот државата ќе биде победничка земја во сетоа ова што се случува сега.
Лидер: Зошто се кре протоколот ако нашите позиции се чисти и гарантирани?
-Протоколот не се крие, протоколот уште се разговара. Не се крие. Затоа што комисиите кои работат помеѓу двете Министерства за надворешни работи се обидуваат до крај да најдат компромисни решенија кои ќе бидат прифатени во јавноста и кај нас и во Бугарија. И тука ние преговараме, меѓутоа има и други актери кои помагаат. Затоа треба да бидеме стрпливи, не може тој протокол дај биде скриен. Тој протокол пак ќе биде пред Собрание, ќе биде пред Влада… не може тоа да биде така како што некој мисли. Денеска не може ништо да се скрие. Но дипломатските правила даваат за право, се додека траат преговорите за овој протокол да не се објави.