Претседателот ДУИ, Али Ахмети на социјалната мрежа Фејсбук објави видео со изјави на високи претставници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во кои се изнесуваат обвинувања против ДУИ за криминал и корупција.
– Континуирано со години различни актери со напори да и наштетат на ДУИ, како и да ја искористат за остварување на целите на нивните секојдневни партиски политики, напиша Али Ахмети на својата фејсбук-страница.
Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани вели дека ова е само пропаганда на ДУИ со која лидерот Али Ахмети се обидува да го билда рејтингот кај гласачкото тело. Смета дека има некоја промена во реториката на интегративците, но тоа се прави се со цел да им опонираат на партиите кои имаат позачестени напади кон нив.
Лидер: Ваш став дали Али Ахмети со видеото најавува промена на реториката на ДУИ во своето делување или пак повторно се обраќа до своето гласачко тело и сака да ја задржи популарноста кај албанската заедница?
-Легитимно е правото на секоја политичка партија да најде начин да го билда својот рејтигн. Мислам дека ова е нешто што лесно се прави денеска, затоа што самиот времеплов на големите политички партии им го дозволува тоа, и на ДУИ му дава можност да преставуваат пред јавноста вакви ставови.
Истото можат да го направат поголемите партии како СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, ДПА, и другите, затоа што низ нивната политичка активност и тие имаат материјал за вакви слични контраверзии. Изјави едни за други, а реториката се менува во зависност од тоа дали тие биле во коалиција на власт или се опозиција.Така што нема причина за некаков друг коментар освен дека ова е една алатка со која во овој случај ДУИ мисли дека ќе има подобар рејтиг за евентулани некакви избори пред своите гласачи.
Лидер: Сметате ли дека ова е заострување, промена на реториката на ДУИ?
-Има , има нешто во промена на реториката, меѓутоа се зависи со која цел тоа го прават. Мислам дека во поседно време има позачестени напади кон нив, посено од ВМРО ДПМНЕ која на еден начин веќе е во некоја неформална коалиција со другите албански партии. Многу е нормално само со ваков вокабулар и начин на дејствување ДУИ да им опонира.
Лидер: Но прашањето е зошто во ова видео е вклучен и колациониот пратнер СДСМ?
-Па и СДСМ ако направи вакво видео ќе најде многу, многу изјави каде што од ДУИ била напдната, од ВМРО ДПМНЕ од др политички партии. Мислам дека вакви контраверзии во текот на владеењето во сите партии може да се најдат.
Лидер: Со ова видео, дали се можни разнишувања на колицијата СДСМ-ДУИ?
-Апсолутно не. Ова може да биде само некоја пропаганда но нема разнишување на коалицијата. Тоа воопшто не се приметува, додава Рамадани за Лидер.