Како што дознаваме, на престрелката меѓу две групи и претходела брканица со автомобили низ населбата, па и околу Основното училиште „Живко Брајковски“. За среќа нема настрадано деца и други минувачи.
Во инцидентот едно лице било застрелано во нога и е пренесено во Поликлиника „Чаир“.
Повредено е уште едно лице, но не е познато дали станува збор за повреди од огнено оружје.