Двајца возачи на цистерни се полесно повредени откако рано утринава се судриле на автопатот А1.

Од МВР за Курир информираат несреќата кај нив била пријавена во 03:20 часот, а се случила на делницата Стоби – Неготино.

-Во несреќата учествувале товарно возило „ман“ со приклучно возило – цистерна со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(28) од Богданци и товарно возило „Ман“ со приклучно возило – цистерна со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Т. (51) од Кавадарци, велат од МВР за Курир.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и биле пренесени ЈЗУ-Општа болница во Велес за укажување лекарска помош.

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид, а во тоа време патот беше затворен за сообраќај.