Како што информираат од МВР, едното од разбојништвата осомничениот го извршил во финансиско друштво на улица „Методиј Андонов Ченто“ на 27 октомври 2021, а другото во обложувалница на улица „Маџари“ на 17 септември 2021 година.
Во службен разговор со полициски службеници тој ги признал делата и го појаснил начинот на нивно извршување. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.