– Како резултат на обилните врнежи од дожд дојде до зголемување на водостојот на реката Вардар, а тоа пак придонесе на столбовите на мостот да се соберат стебла кои го попречуваат нормалниот тек на реката и можат да придонесат за оштетувања на мостот, појаснија од Општината.
Затоа, како што посочија, локалната самоуправа Неготино ангажирала специјализирана фирма која денеска реализирала активности за одглавување на насобраните стебла, со нивно сечење со моторна пила и нивна дислокација на соодветен простор за тоа.