Поранешниот генерален секретар на Владата, нема веќе ништо на негово име. Сега, мелолетниците освен станот во Скопје од 65 квадратни метри, целосно поседуваат и 11 илјади квадратни метри во викенд населбата Побожје во подножјето на Скопска Црна Гора, каде семејството Рашковски треба да гради екстра луксузна хациенда од 800 квадратни метри. Според извори од Антикорупциска, веќе на 25 јануари од кога завршил процеост на трансфер на имот, Драги Рашковски од општина Чучер Сандево добил потврда дека двата плаца каде ќе гради се во викенд населбата, но и дека просторот е во градежна зона, наведува Алсат.
Станува збор за вкупно 2195 метри квадратни каде треба да никне екстра луксузната вила од 800 метри квадртани. Алсат уште минатата недела објави дека малолетните деца на Рашковски треба да инвестираат во изградба на луксузна вила во Побожје. Според преоктот во кој имавме увид, во хациендата предвидени се базен, теретана, билијард соба, винарска визба но и многу други погодности. Рашковски никогаш не одговори колку ќе чини изградбата на ваков луксузен објект. Затоа консултиравме градежен инжинер кој пресмета дека изградбата на објектот до карабина, заедно со занаетчиски работи внатре, би чинел над 400 илјади евра.
Само порамнувањето на теренот со багери, чинело околу две евра по метар квадратен. Дозволата за градба семејството Рашковски до општина Чучер Сандево ја поднесе минатата недела и според проектот на име комуналии ќе треба да платат близу 8 илјади евра за луксузната куќа. Драги Рашковски е во куќен притвор од петокот, за набавката на софтверот за сообраќај додека беше генсек на Владата. Обвинителството денеска поднесе жалба на ваквото решение на Кривичен, оти уште во петокот бараа ефективен притвор за Рашковски.
Според образложението на судот од минатата недела, определна му била мерка куќен притвор, оти Рашковски немал имот на лично име, иако обвинителството меѓу другото стравува дека тој може да влијае на сведоци.