‘Оди си дома! Ова не е твоја земја, нигер! Од каде си? – Од Индија. – Индија? Оди дома во Индија!’, се слуша на видеото кое 35-годишникот го објави на социјалните мрежи.
Во последните две недели во Хрватска се забележани два расистички напади врз странски работници од Индија.
Во едниот случај се работи за вербален напад што сторителот го објавил на социјалните мрежи, а во другиот нападот од вербален преминал во физички, но без повреди, пренесува Aljazeera.
Насилниците беа брзо уапсени и се води кривична постапка, но останува прашањето за односот на хрватските жители и работодавачи кон зголемениот број странски работници од Азија.