Нова компресорска станица
Клиничкиот центар ќе добие нова компресорска станица. Денеска е објавен е тендер за набавка на ваквата станица. Засега познато е дека станицата ќе чини околу половина милион евра, а парите треба да ги обезбедат хируршките клиники и КАРИЛ.
До Нова Година одново враќање во нормала
Се очекува до крајот на демекври одново да профункционериаат операционите сали во полн капацитет откако е распишан тендер за нова компресорска станица. Дотогаш бројот на интервенции ќе биде редуциран, а во меѓувреме се бара и решение за покомплицираните операции хирурзите од Клинички да ги прават во двете градски болници.
Таравари ги соопшти деталите
Направен е првиот чекор, општи и заеднички служби објавиле тендер за целосно да се промени компресорската станица и со тоа хируршките сали во Клиничкиот центар да профункционираат. Според министерот за здравство Таравари, крајниот рок да се заврши зафатот е декември. Во меѓувреме салите ќе работат со надворешни компресори со делумен капацитет. Товарот останува на ГОБ „8 Септември“ и Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
Следува ажурирање на позитивната листа на лекови
Министерот Арбен Таравари најави дека ќе биде ажурирана позитивната листа на лекови. Се чека назначување на нов директор на ФЗОМ.
Телефонски број за пријавување проблеми
Граѓаните ќе може да се јавуваат и да пријавуваат кај министерот за проблеми и неправилности во здравствениот систем, ќе биде отворен телефонски број. Како што рече министерот Таравари, тој планира да испраќа ненајавени контроли и во приватните и во државните болници.