На патниот правец од планинскиот превој Стража кон Гостивар е забележано присуство на паднати огревни дрва по коловозот, што претставува директна опасност за сообраќајот.
Според очевидци на настанот, огревните дрва испаднале од трактор со кој биле транспортирани на оваа делница.
Се упатува апел и се препорачува крајно внимателно возење и прилагодена брзина на движење на возилата поради разнесените гранки и дрва на патот.
