Расте бројот на позитивни бремени жени на Клиниката за гинекологија и акушертство.

Во моментов на клиниката има 11 позитивни. Од Гинекологија велат дека омикрон го зголеми бројот на позитивни бремени жени кои засега се со лесни симпотми, но има и такви на кои им треба повеќе лекување. Од Гинекоглогија информираат дека ако продолжи трендот на зголемување на бројките ќе мора породените жени да се сместуваат на други клиники.

Инаку вчера беше регистриран нов рекорд на новозаразени од Ковид 19 . Регистрирани беа 2.341 нови случаи, а позитивни биле 37,8% од тестираните.

Ова е највисок број пријавени позитивни на дневно ниво досега, претходно беше на 17 јануари – 2.267.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 308 реинфекции, а еден е заразен по трет пат.

Регистрирани се 21 починато лице во минатотот деноноќие, а дополнително преку мој термин пријавени се уште 5 починати лица.

Рекордните бројки на новоинфицирани, веќе ги наполнија и ковид центрите, надлежните уверуваат дека ја следат состојбата и подготвуваат нови капацитети, но алрмираат дека најголем проблем е недостатокот на кадар.