Речиси 110 лица се водат како исчезнати. Спасувачките тимови се уште ги пребаруваат урнатините во областите во шест држави каде што во петокот имаше налет на серија торнада.
Гувернерот на Кентаки Енди Бешеар предупреди дека конечниот биланс на загинати може да биде поголем. Тој рече дека жртвите биле на возраст од пет месеци до 86 години.
Илјадници луѓе се без струја, вода и парно на екстремно ниски температури, а речиси илјада куќи се оштетени или уништени.
Американскиот претседател Џо Бајден нареди пари од федералниот буџет да се пренасочат за да се помогне во санирањето на штетите. Тој го постави и прашањето за системот за предупредување од торнада.
Бајден нагласи дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) истражува дали торнадата се предизвикани од климатските промени.