Бројот на жртвите од поројните дождови што од ноември ја погодија бразилската држава Баија вчера се искачи на 18. Катастрофата принуди 35.000 луѓе да се иселат, соопштија локалните власти.
Пожарникарите од Баија ја потврдија смртта на 60-годишен маж кој се удавил во река на југот на државата.
Најмалку две лица се водат како исчезнати, 19.580 луѓе се евакуирани, а уште 16.001 се принудени да побараат засолниште, со што бројот на луѓе протерани од своите домови достигна 35.000, соопшти локалната Агенција за цивилна заштита.
Уште 286 лица се повредени од почетокот на поројните дождови.
Се проценува дека повеќе од 430.800 луѓе се погодени, а ситуацијата постепено се влошува во последните денови.
До вчера попладне бројот на општини во кои е прогласена вонредна состојба се искачи на 72, а 58 од нив се во кризна состојба поради поплавите.