Британската полиција го истражува видеото кое наводно е поврзано со тинејџер уапсен во замокот Виндзор на Божиќ, додека држел стрела во раката.

На видеото кое го објави британски „Сан“, се гледа човек со маска како држи стрела и вели дека во мисијата „одмазда“ „ќе се обиде да ја убие Елизабета, кралицата на кралското семејство“.

Полицијата потврдила дека ја проценува содржината на видеото.

Жал ми е. Жал ми е за она што го направив и ќе го направам. Ќе се обидам да ја убијам Елизабета, кралицата на кралското семејство. Ова е одмазда за оние кои загинаа во масакрот во 1919. Тоа е исто така одмазда за оние кои беа убиени, понижени и дискриминирани поради нивната раса. Јас сум индиски Сики, Сити. Јас се викав Џасвант Синг Чајл, сега се викам Дарт Џонс – вели маскираниот маж на видеото