Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани бележат зголемување од 3,7 отсто, а цените на мало од 5,6 проценти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември во споредба со претходниот месец се помали за 0.1, а цените на мало за 0.5 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4.4 и млекото за 0.3 проценти.
Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 9.4 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 9.3 проценти, услугите за сместување за 3.3 проценти, книгите за 1.2 проценти, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.9 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.6 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, електричните апарати за лична хигиена за 0.5 проценти, обувките за 0.3 проценти и моторните возила за 0.2 проценти.
Пораст на трошоците на животот во септември има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.5 проценти, пивото за 0.7 проценти, рибата и морските плодови за 0.4 проценту, маслото и маснотиите, мебелот и покуќнината за 0.2 проценти.
Во септември пораст на трошоците на животот е забележан и кај медиумите за снимање за 3.1 процент, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 2.9 процент, гасот за домаќинствата за 2.2 процент, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.3 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 1.2 проценти, игрите, играчките и хобијата за 1.0 процент, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.8 процент, течните горива за домаќинствата, поправките на апаратите за домаќинствата, другите медицински производи за 0.7 проценти, велосипедите, градините, растенијата и цвеќињата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.6 проценти, текстилот за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 0.3 проценти, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, големите електрични апарати за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи, рестораните и кафулињата за 0.2 проценти.
Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека не се задоцнети евентуалните активности за замрзнување на цените на основните производи и вели дека не се точни предвидувањата дека до крајот на годинава тие ќе поскапат за околу 50 проценти.
-Будно ја следиме ситуацијата и во зависност од тоа како ќе се движат цените на суровините и репроматеријалите во делот на увозот и производството на производите кај нас ако има ценовни шокови веднаш ќе постапиме повикувајќи се на Законот за трговија и за големопродажба и за малопродажба како што веќе направивме претходната година кога не дозволивме енормно зголемување на цените, рече Бектеши во одговор на прашање по денешното потпишување меморандум за соработка со Националната платформа за женско претприемништво.
Тој нагласи дека тоа особено ќе се однесува за цените на основните производи согласно потрошувачката кошница.
-Ќе видиме дали ќе има зголемување на цените на тие производи. Секој ден следиме што се случува и ако има големи ценовни шокови веднаш ќе постапиме како Министерство за економија и ќе донесеме одлуки за замрзнување на цените. Не се зборува за нивно зголемување за 50 отсто и доколку се случи такво нешто секако дека ние директно ќе интервенираме, потенцира Бектеши и потсети дека такви одлуки веќе биле донесени за време на пандемијата со Ковид-19.
Најави дека во одреден момент во консултација со стопанските комори доколку се случи некаков ценовен шок веднаш ќе се интервенира