Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски и дел од тимот кандидати за советници во идниот Совет на општината, утрово беа во посета на зелениот пазар во Куманово, каде имаа можност да поделат промотивен материјал, да разговараат со граѓаните и да ги слушнат нивните потреби за подобро функционирање на градскиот пазар и целата општина.

Заеднички со граѓаните дискутиравме за проектите кои имаме во план да ги реализираме по победата на локалните избори. Мило ми е што веруваат во нас и ни даваат поддршка, затоа што сите вложувања во однос на подобрувањата за наше Куманово, ги правиме токму за нив – граѓаните.