Кумановската полиција прекина семејна веселба во куќа во Куманово, соопшти СВР Куманово. Претпладнево во 11:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во семејна куќа во Куманово се одржувала семејна веселба, односно не се почитувале здравствените прописи за време на епидемија.

Полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола и во семејната куќа во сопственост на Т.М.(29) биле затекнати повеќе лица-гости, соопштија од СВР Куманово.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик- „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.