На надзорната расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, пратеничката Лидија Петкоска посочи дека институциите мора да постапуваат одговорно во услови на сложени и променливи околности. Таа подвлече дека утврдувањето на причините за институционалните постапки и дефинирањето на одговорноста се клучни за заштита на јавниот интерес и довербата на граѓаните.

„Во услови на динамични геополитички промени и се посложени безбедносни предизвици навременото препознавање на ризиците и правилната процена на нивното влијание врз националната безбедност се од особено значење за секоја држава. Сведоци сме дека безбедносната состојба во Европа и поширокиот регион е под влијание на повеќе паралелни процеси. Нашата држава како членка на НАТО има дополнителна одговорност но и обврска активно да допринесува за колективната безбедност, а тоа подразбира следење на состојбите и ефикасна размена на информации, координација и навремено информирање на институциите кои носат одлуки“, посочи Петкоска.

Пратеничката постави прашање во областа на регионалната и националната безбедност, со конкретен фокус врз следењето на безбедносно-стратешките појави од страна на Агенцијата за разузнавање, навременото известување на државниот врв и размената на податоци со НАТО сојузниците.

„Во таа насока би сакала да ви го поставам следното прашање: Кои тековни регионални и безбедносно стратешки појави што може да имаат ефект на прелевање кон Македонија ги следи Агенцијата за разузнавање и со која динамика го известува државниот врв за истите? Дополнително, ме интересира како се одвива текот на информирање на државниот врв за безбедносните предизвици од една страна и размената на информациите со НАТО партнерите од друга страна? Дали станува збор за редовно и систематско известување или динамиката се приспособува согласно интензитетот и сериозноста на конкретните безбедносни случувања. Колку е важно во овој процес навременото споделување на информациите особено кога станува збор за појави кои во почетната фаза можеби не претставуваат директна закана за нашата држава, но доколку не се препознаат навреме можат да прераснат во сериозен безбедносен предизвик“, рече Петкоска.