Мајкл Керик е длабоко разочаран од начинот на кој Манчестер Јунајтед му ја соопштил одлуката за прекин на соработката. Според информациите објавени во британскиот весник „Телеграф“, поранешниот тренер чувствува сериозна огорченост кон раководните луѓе на клубот од „Олд Трафорд“.

Керик денеска официјално доби отказ по само десет месеци поминати на менаџерската функција, иако одлуката за негова смена, според медиумите во Англија, раководството ја донело уште во текот на понеделникот. И покрај таквата претходно заземена позиција на управата, тој продолжил редовно да ги води тренинзите на првиот тим во вторникот и средата, во период кога во јавноста веќе наголемо се шпекулираше за негово заминување и за преговорите со Маурисио Покетино.

Токму ваквиот редослед на настаните и начинот на комуникација најмногу го погодиле англискиот стручњак. Во раководните структури на Јунајтед се целосно свесни за неговото незадоволство, пред сè поради фактот што доверливите информации за отказот најпрво се појавиле во јавноста и медиумите пред тој официјално да биде известен од претпоставените.