Двајца директори се разрешени на денешната владина седница во рамки на кадровските одлуки, соопштија од Владата.
Александар Миљовски е разрешен од должноста в.д. директор на ЈУ „Национален Парк Галичица“ – Охрид, на негово барање. Владата одлучи да го именува Александар Бузлевски за в.д. директор на ЈУ „Национален Парк Галичица“ – Охрид.
Владата донесе и одлука Розита Благојевиќ да ја разреши од должноста директорка на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците. Одлучено е Драган Угреновиќ да биде именувам за директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците.