Повикувајќи се на двајца неименувани американски извори, весникот „Волстрит џурнал“ соопштува дека непостоење на конкретен заклучок делумно е поврзно со недоволно детални информации од Кина.
Претседателот Џо Бајден пред 90 денови побара од разузнавачита изготвување извештај за потеклото на коронавирусот. Поднесениот документ ги подвлекува бирократските тешкотии и пропусти со кои се судри администрацијата при обидите да добие повеќе информации од Кина што би можеле да дадат појасна слика за потеклото на глобалната пандемија, истакнува весникот.
Авторите на извештајот се повикуваат на тешкотиите да се добијат детални информации од Кина.
-Ова беше педантно изведено истражување, но тоа може да биде толку педантно колку што дозволува ситуацијата, изјави еден од службениците.
„Ако Кина не дозволи пристап до одреден сет на податици, тогаш вие нема да можете ништо вистински да дознаете“, истакна тој.