Судот го отфрли обидот на администрацијата на Бајден да ја блокира пресудата на судијата во Тексас, со која се бара Владата да ја оживее политиката на „останување во Мексико“ на поранешниот претседател Доналд Трамп, формално позната како Протокол за заштита на мигрантите (МПП).

Шест судии гласаа против обидот на Бајден, меѓу кои и тројца назначени од Трамп, додека тројца либерали беа „за“.

Пресудата на Врховниот суд значи дека пресудата од Тексас сега е конечна.

Во 2020 година, Трамп ја укина програмата наметната од неговиот претходник, демократот Барак Обама, со која беа заштитени од депортирање илјадници имигранти кои илегално влегле во САД додека биле деца.

Бајден, кој откако ја презеде функцијата во јануари оваа година настојуваше да ги поништи тврдокорните имиграциски политики на Трамп, ја повлече програмата на МПП, но републиканските судии во Тексас и Мисури реагираа.

Случајот дојде до Врховниот суд, кој одлучи против Бајден, чија администрација мора целосно да ја имплементира програмата на МПП.

Демократите и активистите за правата на мигрантите го критикуваа МПП, велејќи дека таквата политика ги изложува мигрантите, главно од Централна Америка, на опасни услови во мексиканските погранични градови.