Не се плашиме, ниту се предаваме во нашата бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Јавно ги повикуваме надлежните институции, Министерството за внатрешни работи, обвинителството и другите институции да ги истражат заканите кон вработените и раководството на Агенцијата за управување со одземен имот да ги идентификуваат заканите и да ги изведат пред правдата. Ги повикуваме и другите институции да се приклучат на борбата што ја започнавме  и да не молчат пред заканите и заканувачите, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

„Од самото формирање како движење, а потоа и како политичка партија ветивме дека нашата примарна цел ќе биде декриминализација на институциите и бескомпромисна борба против корупцијата. И во опозиција преку јавни наспати, и сега кога сме веќе осум месеци дел од власта преку конкретни дејства ние одиме по истиот пат не штедејќи никого и не отстапувајќи никому. Свесни за тежината и сите предизвици што ги носи овој процес, нашите функционери ја презедоа одговорноста и  денес сме сведоци на конкретни одлуки и постапки против криминалот на криминалците и корупцијата на корумпираните.

Очекувавме дека одредени структури и поединци кои се попречени од нашите промени во владеењето и нашата решителност против криминалот, со неуспешни закани да се обидуваат да ја спречат оваа наша мисија. Деновиве криминалци потврдени со судски решенија им се заканувале на вработените и на директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу. Сакаме да ве известиме дека зад директорот Небиу стои целата Алијанса за Албанците, целото претседателство и сите членови. Безрезервно го поддржуваме нашиот директор кој неодамна, како никој до сега после 10 години успешно продава имот конфискуван од криминалци и корумпирани поединци. Секоја закана и секој обид за заплашување е неуспешен од самиот почеток. Директорот Дритон Небиу, Алијансата за Албанците и сите наши функционери нема да застанат. Напротив, секој проект против криминалот и корупцијата ќе го реализираме, секој одземен имот ќе се продава и парите ќе им се враќаат на граѓаните до последен денар“, соопшти Алијанса за Албанците.

Во тек е постапката на Агенцијата за управување со одземен имот за продажба на станови на Сашо Мијалков.