СДСМ утрово со контра-напад и одговори на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата дека премиерот Димитар Ковачевски побарал од пратеници од СДСМ да потпишат дека ќе гласаат за уставните измени, но тие одбиле.

Од владејчката партија велат дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои се подготвени да ги поддржат уставните измени.

-Броеше Мицкоски 61 пратеник кои ќе гласале за распуштање на Собранието, но во реалноста Собранието не само што не се распушти, туку парламентарното мнозинство се зголеми. Сега, кога државата влегува во клучен период за евроинтеграциите, Мицкоски треба да ги преброи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се подготвени да дадат поддршка на уставните измени. Знае и Мицкоски како што и целата јавност знае дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои го поддржуваат европскиот пат на државата, кои не се согласуваат со анти-европскиот став на Мицкоски и се подготвени да ги поддржат сите чекори. Изолиран и во целосно заложништво на Левица Мицкоски го чекаат нови порази, велат од СДСМ.