Англискиот великан Манчестер јунајтед го загуби приматот на најомилен клуб во светот, па најтрофејниот клуб светот Реал Мадрид сега е број еден во истражување кое го направи „Бетспертис“.

Според истражувањето, слабите настапи на „црвените ѓаволи“ во изминатава година, особено фактот дека не изборија Лига на шампиони, пет години без сериозен трофеј, а од друга страна спектакуларната сезона на „кралевите“ во ЛШ и трилер победите со ПСЖ, Челси и Манчестер сити сега го вивнале мадридскиот великан како најобожуван клуб во светот.

Реал Мадрид е најпребаруван на Гугл и најпосакуван клуб во дури 53 земји од светот, Манчестер јунајтед сега е втор во 50 земји, следат Барселона (23), ПСЖ (21), Челси (10), Ливерпул (6), Баерн Минхен и Јувентус (4), Арсенал (3)… Само еден нефудбалски клуб се најде во топ десет, финалистот во НБА, Голден Стејт Вориорс.