Во Србија до последниот пресек потврдени се 3.888 новозаболени од корона вирус.
Од последиците на Ковид-19 починаа 69 пациенти, со што е изедначен највисокиот број починати во еден ден од почетокот на епидемијата.
Последен пат, олкав број починати имало на 4 декември лани.
Тестирани биле 13.386 лица.
На респиратори во болниците има 266 пациенти, а во болница се лекуваат 6.666 пациенти со Ковид-19.