Таа рече дека ќе има толеранција и ќе се контактираат компаниите да најдат начин како да ги менаџираат платите до донесувањето на законите, но за дел од нив рече дека ќе има и блокирање на сметките, ако и претходно не исплатиле плата.

– Во законскиот рок за исплата на плата во февруари поденесни и прифатени се МПИН пресметки за 63. 948 работници, од кои за 6.888 работници работодавачите не исплатиле палата или тоа во проценти е 10, 7 отсто, рече Лукареска.

Директоркат на УЈП рече дека ќе се толерираат одредени компании кои ја чекаа финансиската поддршка за да исплатат плата, но не и оние кои тоа го прават веќе неколку месеци.

– Сите се опоменати, а ќе почекаме со блокадите на сметките. Телефонски се контактирани за да се најде решение како да ги менаџираат обврските до донесување на законите. Онаму каде се утврдени злоупотреби ќе постапиме согласно надлежностите, рече Лукареска.

Директорката на УЈП посочи и дека работодавачите кои не исплатиле плата од преходните мерки, односно ја злоупотребиле помошта се преземени соодветни мерки.

– Од предходно земената помош со 1 април вкупно 133 работодавачи кои добиле финансиска поддршка не исплатиле палта . За 161 МПИН пресметка се доцни со исплата за еден два или три месеци. За еден месец има 110 работодавачи, 18 се за два месеца и 5 за три месеци, рече Лукареска.