Најмногу нови државјани во текот на 2019 година добиле Германија, Италија, Франција, Шпанија и Шведска, а повеќето се од Мароко, Албанија и од Велика Британија.
Од Западен Балкан, најмногу нови државјани на ЕУ доаѓаат од Албанија (41.703), следи Србија (10.297), Косово (8.047), С. Македонија (7.147) и БиХ (6.977).
Според Евростат, граѓаните на Западен Балкан најчесто аплицирале за германско и италијанско државјанство, како и за државјанство на Франција, Шпанија и Шведска, но и на некои од поранешните југословенски републики.
Во 2019 година, Словенија доби 1.911 нови државјани, претежно од БиХ, Србија и С, Македонија, а Хрватска 1.121, претежно од БиХ, Косово и Србија.
Како и претходните години, Романците, Полјаците и Италијанците се трите најбројни групи на државјани на ЕУ кои во 2019 година добија државјанство на друга членка на Унијата.
Стапката на натурализација (бројот на натурализирани во однос на бројот на странци во една земја) е најголема во Шведска – 7%, Романија – 4,7% и Португалија – 4,4%, објави Евростат.