Околу 900.000 деца на возраст од 5 до 11 години ја примиле првата доза од вакцината Pfizer во првата недела откако вакцината е одобрена за таа возрасна група во Соединетите држави.
Тоа е добар почеток, изјавил координаторот за борба против пандемијата, Џеф Зиентс и овие податоци ги објавил на неделната прес-конференција. Тој рече дека очекува темпото на вакцинација да се забрза во наредните недели, кога центрите за вакцинација ќе бидат снабдени со детски дози.
Во САД има 28 милиони деца на возраст од 5 до 11 години. Околу 700.000 деца се најавени за вакцинација во аптеките, додаде Зиентс, а децата ќе можат да се вакцинираат и во некои педијатриски одделенија или детски болници. Предвидени се вкупно 20.000 места за вакцинирање на децата, потсети Зиентс.
Децата секогаш ќе се вакцинираат со две дози со разлика од три недели, но дозата треба да се прилагоди на 10 микрограми по инјекција, во споредба со 30 микрограми за постарите групи.
-Иако децата се поотпорни на вирусот од возрасните, тие сепак се изложени на ризик, потсетила Рошел Валенски, директорка на Центрите за превенција и контрола на болести (ЦДЦ).
Таа истакнала дека во САД има просечно 73.000 нови инфекции дневно и околу 1.000 смртни случаи.