Ова на брифинг го изјави официјалниот претставник на генералниот секретар на Светската организација Стефан Дужарик.

– Генералниот секретар со загриженост ја следи ситуацијата на белоруско-полската граница и повторно истакнува колку е важно да се гарантира дека прашањата за миграцијата и бегалците се решаваат врз основа на хуманитарните принципи и меѓународното право, рече тој.

Мигрантската криза на границата на Белорусија со Летонија, Литванија и Полска, каде што мигрантите се собираат од почетокот на годината, нагло ескалира на 8 ноември. Неколку илјади луѓе дојдоа од белоруската страна до полската граница и не сакаат да ја напуштат пограничната област. Земјите од ЕУ го обвинија Минск за намерно ескалирање на кризата и повикаа на санкции. Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека самите западни земји се виновни за ситуацијата, која ги натера луѓето да бегаат од војна.