За да се организира референдумот, во следните две недели, до 18 декември, потребно е да се соберат околу 370.000 потписи од граѓаните.

Доколку тоа се случи, граѓаните би решиле во рок од 30 дена да ги укинат ковид сертификатите за влез во јавните и државните институции, но и да ги префрлат надлежностите од Националниот штаб за цивилна заштита, кој носи епидемиолошки мерки, на Собранието.

Потписи се собираат на околу 1.200 места низ Хрватска.

Мост не е против мерките, но бараме тие да бидат конзистентни, епидемиолошки засновани и недискриминаторски, изјави пратеничка од Мост Марија Селак Распудиќ.

Според неа, алтернативи на ковид сертификатите би било тестирање на ранливите групи во сите институции и почитување на епидемиолошките мерки.