ВМРО-ДПМНЕ продолжува со праксата давање отчет за сработеното пред граѓаните.

Од партијата најавуваат дека денеска со почеток во 12 часот во Битола ќе се одржи регионален отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.

Според предвиденото отчет за сработеното ќе дадат градоначалниците на пет општини: Тони Коњановски на Битола, Борче Јовчески на Прилеп, Стевче Стевановски на Новаци, Драганчо Саботковски на Могила и Јован Тозиевски на Ресен.

Предвидени се обраќања и на претседателот на партијата Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски.