Регионалната консултација ќе биде организирана онлајн, на веб платформата „зум“.

Воведни обраќања ќе имаат Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Фани Каранфилова Пановска, извршна директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

На панелот „Дијалог на јавни политики, реформи за пристапување во ЕУ на Западен Балкан и зајакнување на вклученоста на ГО“, каде главната тема ќе биде која поставеност на политичкиот дијалог во државите на Западен Балкан може да ги забрза реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ, говорници ќе бидат Калинка Габер, државен секретар во Секретаријатот за европски прашања на РСМ, Стивен БЛОКМАНС, директор за истражување во Центарот за европски политички студии во Брисел, Ѓерѓи Вурмо, програмски директор во Институтот за демократија и медијација во Албанија и Андреја Стојковски, извршен директор на Преспа институтот.

Според организаторите, овој панел треба да понуди одговор на неколку прашања: Која поставеност на политичкиот дијалог во државите на Западен Балкан може да ги забрза реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ и како да се создаде симетричен дијалог за ГО во соработка со државните и актерите на ЕУ, при поставување приоритети на помошта на ЕУ за реформска агенда во Западен Балкан.