Според истиот извор споменатото лице уште во земјата во која живеело имало благи симптоми, поради што направило тест пред да замине и еден ден по пристигнувањето во Тирана, англиската лабораторија му испратила одговор дека е позитивно на Делта.
-Да можно е да влегол веќе заразен. Овој период имаме многу лица за влез и излез. Исто така оваа мутација е веќе потврдена во соседните земји. Уште повеќе што се предвидува дека Делта ќе преовладува. Но, ова можеби не е единствениот случај. На крајот на краиштата, луѓето доаѓаат во нашата земја од места заразени со Делта а за влез не бараме минимум ни негативен тест, изјави за телевизијата Скендер Братај, директор на Националниот ургентен центар.
Братај, кој е и член на Комитетот на експерти за справување со пандемијата додава дека сеуште се чека резултат за повеќе сомнителни случаи чии тестови се испратени во референетната лабораторија во Германија.
-Негативна страна е што бројот ќе се зголеми, што фаворизира понатамошен раст наесен и тоа е проблемот во цела Европа, затоа што веќе се зголемува бројот на оние кои се хоспитализирани. Најпогодени се млади под 30-годишна возраст и невакцинираните, посочува Братај.