Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, починаа девет лица, а 121 пациент е приклучен на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници.

Новите случаи се од 89.521 направен тест, oд кои 70.761 се брзи тестови.

Најголемиот број новозаразени и овој пат се во областа Атика, поширокиот регион на Атика, вкупно 1.607, 334 се на Крит, а 254 се во Солун.