Согласно податоците од Институтот за јавно здравје од вчера, биле направени 3.491 тестирањe, а регистрирани се 487 нови случаи со Ковид-19 и тоа најмногу од Скопје – 230, Куманово – 50, Штип – 28, Прилеп – 25, Кочани –20, Велес – 18, Битола – 13, Струмица – 10, Гевгелија – 9, Кавадарци, Охрид и Кратово – по 8, Тетово, Неготино, Свети Николе и Ресен – по 6, Кичево и Крива Паланка – по 5, Струга и Пробиштип – по 4, Радовиш и Виница – по 3, Валандово, Богданци, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Берово и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани биле 15 починати лица, од кои девет од Скопје, три од Куманово и по едно починато лице од Валандово, Кичево и Прилеп. Сите пријавени лица се починати во болнички услови соопшти Министерството за здравство. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште пет починати лица, со датум на смрт од 23.09.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се четири починати лица од Скопје и Велес, на возраст од 33 до 83 години. Од пријавените лица, четири се починати во болнички услови, а еден во домашни услови.
Од Министерството за здравство соопштија дека регистрирале и 1487 оздравени пациенти.