Шпанскиот фудбалски гигант Барселона соопшти дека реновирањето на стадионот „Камп Ноу“ ќе започне во јуни 2022 година. Како што е објавено на веб-страницата на клубот, Градскиот совет на Барселона издал лиценца за отпочнување со работа веднаш по завршувањето на сезоната.
Особено внимание ќе се посвети на првиот и вториот ред на стадионот, развојот на техничките капацитети, околината на стадионот и надворешната урбанизација. Уривањето на третото ниво ќе се случи во летото 2023 година, што ќе „купи“ време и ќе обезбеди „Камп Ноу“ да може да работи со речиси полн капацитет следната сезона.
Во текот на сезоната 2023/24, поголемиот дел од работата според проектот ќе продолжи непречено, па тимот ќе игра на „Олимпискиот стадион“ на ридот Монжуик. Во сезоната 2024/25, работата на Камп Ноу ќе продолжи, но натпреварите на стадионот ќе можат да се следат со намален капацитет за околу 50 проценти. Работата ќе биде завршена во сезоната 2025/26.
Барселона тврди дека вкупната цена на проектот нема да надмине 1,5 милијарди евра.