Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци привлече рекорден медиумски интерес. Според извори од организацијата, акредитирани се повеќе новинарски редакции отколку на кој било партиски настан во последната деценија.
Покрај домашните телевизии, портали и печатени медиуми, забележани се и новинарски екипи од соседните држави, што дополнително ја зголеми видливоста на настанот.
Новинарите, како што велат од партијата, покажале огромен интерес за новата Доктрина 2025–2030, кадровските решенија и политичките пораки со кои владејачката партија влегува во следниот период.
Според неофицијални оценки од медиумски професионалци, ваквото присуство е показател дека политичките процеси во Македонија повторно се следат внимателно на регионално ниво, а Конгресот се позиционира како настан со поширока европска релевантност.
